459
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повторно доби закани на социјалните мрежи. На Вучиќ му се закануваа откако се огласи за атентатот на премиерот на Словачка Роберт Фиц, а сега слична содржина се појави и по веста за смртта на претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.
-„Уште АВ да го стават во сандак. Ќе дојде и тој ден, на сите диктатори порано или подоцна ќе им дојде денот, се наведува меѓу другото во еден од коментарите на социјалната мрежа „Икс“ (Х).