Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска информира дека од новата Влада ќе побара да се донесат меѓу првите прописи за пожарникарите кои треба да се променат. Според Арсовска, пожарникарите треба да имаат промена во условите од кои што можат да бидат платени. Вели дека се лимитирани и средствата кои што ги добиваат како надомест за работата се ниски.
-За жал ние како локална самоуправа не можеме да одиме над тоа од кое што е утврдено со законските рамки. Затоа апелот е лимитирачките услови кои што нивните бодови ги ограничуваат, да бидат меѓу првите нешта кои што ќе бидат отстранети со нов пропис. Како второ, 15 години Скопската противпожарна бригада нема нови униформи. Затоа е неопходно е да се поништи правилникот кој постои и единствениот критериум да бидат меѓународните стандарди кои аплициират за ваков тип на опрема. Затоа уште еден апел до централната власт за промена на прописите, кажа Арсовска на Денот на пожарникарите – 20-ти мај.
Арсовска истакна и дека е потребно зголемување на кадарот во противпожарната бригада која во моментов брои над 180 лица во Скопје. Потенцира дека е се потребни минимум 450 пожарникари.
-Пречка за ова претставува одобрувањето на средствата и бројката од дотациите кои доаѓаат од Буџетот, за што немаше слух во овие години да биде надминато и да добиеме одобрување од 180 до 450 лица. Ова треба да биде една од првите работи кои треба да сменат, децидна е градоначалничката.