Барал 3000 денари и со нож се заканил дека го убие сопствениот татко

од Nikola Popovski
433 прегледи

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот. На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.

Слични содржини