Петок 24. мај неработен за сите граѓани

од Nikola Popovski
420 прегледи

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 24 мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на  Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот. 

Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје. Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Слични содржини