Изборниот молк во тек поради прегласувањето на седум места

од Nikola Popovski
376 прегледи

Синоќа на полноќ почна изборниот молк пред утрешното прегласување на 7 избирачки места во 5-тата и во 6-тата изборна единица.

Денеска гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници како и лицата сместени во домовите за вонсемејна грижа. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач.

Ќе се прегласува на по две избирачки места во општините Крушево и Долнени, и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино.

Именувани нови претседатели и членови на избирачките одбори.

Од државната изборна комисија појаснија дека нивните математички симулации покажале дека прегласувањето може да го смени распоредот на освоени пратенички мандати во изборните единици пет и шест.

Слични содржини