436 илјади гласови пред 154 илјади на СДСМ е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата на Мицкоски

од Nikola Popovski
534 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ се огласи по синоќешното прегласување на седум избирачки места. Од партијата велат дека 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДСМ е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС има најголем пораз во историјата. Разликата во гласови е 1:3. СДС има најмал број пратеници во собранието од кога постои. Лошите политики го бетонираа СДС на дното, стои во соопштението на партијата на Христијан Мицкоски.

Од „Белата палата“ најавуваат дека следува време на одговорно работење, како и забрзан економски раст, борба против корупцијата и европска интеграција.

-Потребни се коренити и брзи промени. Народот повторно ќе ја чувствува Македонија како своја, стои во партиското соопштение.

Државната изборна комисија по прегласувањето во 7 избирачки места, шест во петката и едно во шестата изборна единица ги соопшти мандатите. Коалицијата ВЛЕН добива еден мандат повеќе во шестката, на сметка на ДУИ, а во 5-та изборна единица состојбата со пратенички мандати останува непроменета.

Контурите на идната влада се наѕираат, се чека на лидерите од „Вреди“ и ВМРО – ДПМНЕ да ги соопштат ресорите. Во очекување, во новата владина коалиција, ресори да земат и од движењето ЗНАМ.

Јавноста очекува нови имиња на виски функции во надеж за подобар живот. Според најавите, веќе се очекува да се финализира договорот за соработка и да се обелоденат имињата на новите министри во владиниот кабинет

Слични содржини