Ордановски: ВМРО е партија која сака да има власт и ќе се дојде до ситуација на враќање на теми на кои со години не се зборува

од Nikola Popovski
745 прегледи

„ВМРО е партија која сака да има власт. Кога ги контролираш парите и моќта, а тоа се тие неколку 3-4 министерства, тие мислат дека на тој начин ќе им докажат на македонците дека албанците можат да бидат третирани каде што им е местото. Јас мислам дека тоа ќе се одрази со голем проблем кај ВЛЕН. Бидејќи се една таква структуирана партија, малки франкештајнски, но со лигитимитет. Со тоа ќе го ослабнат ВЛЕН од кој се очекува да влезе во пресметка со ДУИ, на начин да држи министерства за обраование, култура или незнам што, а ДУИ е противник кој на ниеден начин не смее да се потцени, и е отиден веќе во една федералистичка реторика, и само ќе ја зајакнува и е тенката линија за едно општество за сите,“ истакна Сашо Ордановски на поткастот Политиканти на Слободен печат, осврнувајќи се на неофицијалните информации во јавноста за кои министерства ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе.

Тој посочи дека уште пред да се стигне до бугарско-грчките компликации, кои се подигнати доста високо, ќе се дојде до ситуација на враќање на теми на кои со години не се зборува.

Слични содржини