Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието

од Vladimir Zorba
700 прегледи

Собранието на Косово ќе одржи денеска пленарна седница на која ќе се расправа за трите години на Владата предводена од Албин Курти.

Денешната собраниска расправа е закажана во понеделникот на седница на Претседателството на Собранието, на барање на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), која преку резолуцијата бара „Владата да го заврши мандатот со оставка или со предлог за нејзино разрешување“, а по оставката или разрешувањето, Собранието на Косово да се распушти.

Расправа за тригодишнината на владата на Движењето самоопределување (ВВ) беше побарана и претходно, но поради отсуство на премиерот Курти во Собранието не можеше да се одржи.

Седницата на која ќе се разгледува предлог-резолуцијата на ААК, партија предводена од поранешниот премиер, Рамуш Харадинај, е закажана за во 13 часот.

Слични содржини