Рафаел Надал е најголемата ѕвезда на Ролан Гарос и секое негово појавување привлекува огромно внимание.
Сега во разговор пред почетокот на турнирот ги изненади сите со изјавата дека можеби нема да биде крајот како што се претпоставуваше досега.
„Не претпоставувајте дека ова е мојот последен Ролан Гарос. Реков уште во Рим дека има некои недоразбирања. И по тој пораз од Хуркач реков дека има некои позитивни работи. Морав да видам како ќе се чувствувам после тоа – тениски, психички, физички. Не можев веднаш да кажам дали ќе играм, беше катастрофално во Рим и сакав да почекам неколку дена, да си дадам време. Се чувствував подобро, мотивиран сум и физички се чувствувам подобро. Напредувам на различни начини, имам помалку ограничувања отколку пред три, четири недели“, изјавил Надал.
Сепак, и Шпанецот е реален по прашањето за неговото тело.
„Постојат големи шанси ова да е мојот последен Ролан Гарос, но не е сто отсто, нема да ви кажам дека е сто отсто, бидејќи не можам да предвидам што ќе се случи. Се надевам дека разбирате, поминав низ долг процес на опоравување, скоро две години страдање и опоравување од тешка повреда. Се чувствувам подобро отколку пред месец и половина, без сомнение. Затоа не сакам да ја затворам вратата и да кажам „сто посто“. Уживам да играм тенис, да патувам со моето семејство, да уживам со нив. Исто така, сè уште не сум видел како изгледа кога играм без ограничување. Дајте ми време, дај теми месец и половина, па да видиме како ќе се чувствувам. Не можам да гарантирам дека е последен турнир“, дециден бил Надал.