Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчера положила венец на спомен-плочата на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј на кој не го пишувало името на државата.
На лентата на венецот што таа го положила, пишувало само претседателка Гордана Сиљановска-Давкова без да се наведе името на државата чија шефица е.
-Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.
Сиљановска Давкова ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.
По средбата со Папата Франциск, новата претседателка за медиумите изјави дека нема да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев.