Леверкузен ја освоија двојната круна! „Фармацевтите“ го совладаа Кајзерслаутерн играјќи со десетмина цело полувреме

од Vladimir Zorba
681 прегледи

Фудбалерите на Баер Леверкузен ги обединија титулите во овогодинешната сезона. По Бундеслигата, „фармацевтите“ успеаја да го освојат и Купот на Германија, откако во финалниот меч го совладаа второлигашот Кајзерслаутерн со резултат 1:0.

Четата на Чаби Алонсо потешко од очекувањата дојде до победата, а единствениот гол на натпреварот го постигна швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, кој ја погоди мрежата во 16. минута од средбата.

Сепак, во 44. минута Баер остана со играч помалку, откако поради два жолти картони беше исклучен Одилон Косуну.

И покрај тоа што завршија со десетмина во поле, играчите на Леверкузен имаа многу шанси да слават поубедливо, но на крајот им недостигаше поголема концентрација.

„Фармацевтите“ ја спуштија завесата на најуспешната сезона во клупската историја, имаа можност да ја освојат и Лигата на Европа, но во финалниот меч беа убедливо поразени од Аталанта со резултат 3:0.

Слични содржини