293
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека ќе ја врати задолжителната воена служба доколку Конзервативната партија победи на изборите закажани за 4 јули.
Сунак го претстави планот, според кој 18-годишниците ќе имаат можност да изберат да служат војска 12 месеци или да волонтираат еден викенд месечно во текот на една година, пренесува Sky News.
Тој додаде дека ќе воведе нова форма на задолжителна национална служба за младите доколку конзервативците победат на општите избори.