Водата во Куманово сè уште не е за пиење

од Nikola Popovski
348 прегледи

Кумановци сè уште купуваат вода за пиење. Надлежните од јавното претпријатие „Водовод“ и граѓаните го чекаат последниот резултат од земените мостри од Центарот за јавно здравје за да може да ги соопштат резултатите.

Таму се утврди заматеност на водата во водоснабдувачкиот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион. Водоснабдувањето е нормализирано и водата се користи само како техничка.

Според законските процедури, до утре до 14 часот Кумановскиот водовод би требало да ги добие резултатите од трите последователни анализи од мострите земени од десет локации низ градот.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на последниот состанок, препорача дека водата не смее да се консумира без термичка обработка, односно превривање.

Слични содржини