Апасиев до Мицкоски: „Бланко поддршка од Левица за да не биде Албанец претседател на Собрание“

од Nikola Popovski
438 прегледи

Не, ние би дале поддршка од нашите шест пратеници да не биде Албанец претседател на Собрание. Отворено го повикуваме Мицкоски за бланко поддршка на невидено, само повторно да не биде косоваризиран македонскиот Парламент, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев пред да влезе во Собранието на конститутивната седница, запрашан дали би како пратеничка група би дале поддршка за Африм Гаши да биде нов собраниски спикер.

На прашањето од новинарите „зошто му пречи да биде Албанец претседател на Собрание“, Апасиев изјави:

-Затоа што е противуставно да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се претседава со седница. Тоа значи илегалниот закон за двојазичност…Нека зборува на македонски јазик и тогаш можеме да правиме муабет, Си ги гласавте патриотите, тоа ќе ви биде реалноста, порача Апасиев пред медиумите.

Слични содржини