Пратеникот Елми Аизири од „Европскиот фронт“ денеска во пресрет на конститутивната седница на Собранието, изјавил дека евентуалното коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ќе предизвика длабока криза на легитимитетот, па оттаму нагласува дека би било добро да се проценат работите пред да се донесат одлуки.
„Бројките на мнозинството се уште не се на површина, но доколку се случи она што се зборува во јавноста дека ќе има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, верувам дека ќе се појави проблем со длабока криза на легитимитетот и тогаш прашањето што правиме со легитимитетот што го добивме од граѓаните.
Затоа мислам дека треба добро да ги процениме работите пред да донесеме одлуки. Како што го кажавме претходно, сега ќе се состанат сите пратеници на Европскиот фронт и ќе разговараме за сите нови моменти на политичката сцена“, изјавил Азири пред Собранието.
Пратеникот Азири е дел од Алијанса за Албанците, поточно од крилото на Зијадин Села кое сега ја има контролата во партијата.