Од коалицијата ВЛЕН соопштија дека постигнале договор со ВМРО-ДПМНЕ да го предложат Африм Гаши за нов претседател на Собранието.
Се очекува Гаши да биде изгласан на конститутивната седница што денеска се одржува во Собранието.
„Работните групи на ВЛЕН како легитимен претставник на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите, во рамките на разговорите за формирање на влада, успешно го завршија усогласувањето на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да го предложат Африм Гаши. Во меѓувреме ја информираме јавноста дека работните групи интензивно ги продолжуваат преговорите за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ќе имаме европска влада, посветена на економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, велат од ВЛЕН преку соопштение.
Од коалицијата очекуваат поддршка и од ДУИ за изборот на Гаши.