Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници

од Nikola Popovski
266 прегледи

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници.

Со тоа им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав. На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само техничките функции до изборот на новата влада.

Претседателката на Верификационата комисија, Дафина Стојановска рече дека Комисијата ги разгледала извештаите на Државната изборна комисија за изборите и дополнителните избори во изборните единици 5 и 6 и изјавата на Биљал Касами во која тој бара да не му се верифицира неговиот мандат и дека врз основа на тоа за пратеници се избрани вкупно 118 пратеници.

Димитар Апасиев од Левица забележа дека извештајот на ДИК не соодветствува со извештајот на Верификационата комисија и го оспори барањето на Касами за кој рече дека свесно потпишал оти ќе учествува во изборната трка и добил уверение од ДИК за пратеник и дека не може да се откаже од нешто што го нема. Побара одговор зошто Верификационата комисија ја констатирала оставката на Касами, а не Собранието.

Слични содржини