Мицкоски: Пратениците на Левица се егзибиционисти кои навредуваат

од Nikola Popovski
341 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар на Владата, Христијан Мицкоски им се извинува „на луѓето што го гледаат Собранискиот канал и денешната конститутивна седница за однесувањето на пратениците на Левица“.

-Однесување во законодавен дом во кое неколку луѓе се обидуваат да приредат реално шоу. Се извинувам и на сите оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници.

Македонија ја очекуваат години на развој и реформи и години на бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, кажа Мицкоски од собраниската говорница.

Тој ги нарече пратениците од Левица „егзибиционисти кои навредуваат и омаловажуваат“.

-Имаа можност да застанат позади нашите политики за кои гласаа сите граѓани од различни единици, им порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.