863
Лестер е во сериозен ризик, со тоа што тимот најверојатно ќе ја започне новата сезона во Премиер лигата со рекорден одземен број на бодови.
„Лисиците“ ја чекаат казната по прекршувањето на правилата за профит и одржливост.
Лестер избегна казна минатата сезона, помагајќи им да се врати во Премиер лигата откако тимот триумфираше во Чемпионшип.
Сепак, сега „лисиците“ можат да ја започнат новата сезона со одземени меѓу 6 и 15 бода, пишува авторитетното издание „Телеграф“.
Портсмут моментално го држи рекордот по одземени бодови во Премиер лигата, откако тие добија казна од 9 бода во 2010 година.
Во тековната сезона жртви беа Евертон и Нотингем Форест на кои им беа одземени осум, односно четири бода.