Завршија парламентарните избори, Азизи ќе го замени Касами во пратеничката клупа

од Nikola Popovski
375 прегледи

Државната изборна комисија на денешната јавна седница донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во шестата изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на коалицијата „Европски фронт“ за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица коалицијата „Европски фронт“ има осум мандати, ВЛЕН исто така осум, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и коалицијата „За европска иднина“ еден.

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од ВЛЕН ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.

Управен суд доцна синоќа 2ја одби тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино, за изборното место 2101 во село Ларце, а го потврди решението на ДИК. Со прегласувањето на ова избирачко место, коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник, додека ВЛЕН доби еден пратенички мандат.

По составот на Владата, Државната изборна комисија ќе одлучува дали и кога ќе има гласање за нови градоначалници, каде што досегашните станаа дел од новиот пратенички состав и Владата.

Слични содржини