Пратеникот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања во заминување, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“ открил дека за време на изборната кампања добивал смртни закани за што е поднесена пријава до МВР.
Разговарајќи за реториката во предизборната кампања, тој му се обрати на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, кој бил дел од истата емисија.
„Знам што се случи заради вашата кампања. Прашајте го министерот за внатрешни работи, кој има пријава за загрозување на животот после вашата кампања? Еден вицепремиер што седи покрај вас, два дена по ред… вашата кампања ги врати паролите од деведесетите и 2000-тите години, во кои јас и моето дете бевме повикувани дека треба да бидеме убиени. Ова се случи поради вашата кампања“, кажал Битиќи.
На ова тврдење одговорил Стојановски:
„Не знам, не сум слушнал. Дали тоа се случи за нешто друго, можеби поради некоја незавршена компанија кон фирма од Битола“, на што Битиќи категорично одговорил: „Не“.