1,2K
Јован Деспотовски објави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ. Деспотовски тврди дека на партијата, покрај длабоките реформи, и е потребен и лидер кој ќе обединува.
„Обединувањето на партијата треба да почне да се случува веќе сега, меѓутоа не на начин на којшто треба сите потенцијални структури или структури внатре да седнат и да се договараат, затоа што тоа е погрешен пристап. Пазарењето е погрешен пристап. Треба да се обединиме околу целта да имаме еден процес во којшто сите членови на партијата ќе им дадеме право, без фаворизирање и без странични игри, самостојно да се изјаснат за програмите кои треба сите кандидати да ги понудат“, рече Деспотовски.