Статуа на Пригожин поставена на неговиот гроб во Санкт Петербург

од Vladimir Zorba
510 прегледи

Бронзена статуа на поранешниот водач на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во август 2023 година, два месеци по неуспешниот обид за бунт против руските власти, беше откриена денеска на неговиот гроб во Санкт Петербург.

Десетици поддржувачи поминаа покрај импозантната статуа на Пригожин, на која тој стои како стои, а некои од нив оставија букети цвеќе, пишува „Москва тајмс“.

Неколку од нив беа облечени во воени униформи и им беа покриени лицата.

Слични содржини