Димитријевиќ блиску до преселба во Олимпија од Милан

од Vladimir Zorba
2,1K прегледи

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, ќе стане нов играч на Олимпија од Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Се говори дека само потписот го дели играчот од италијанскиот тим, но тој ќе мора да го почека официјалниот крај на сезоната. На Армани му претстои финале во италијанската лига, додека Димитријевиќ моментално е во финалето на ВТБ лигата со Уникс, а моментално тимот од Казан губи со 3:0 од ЦСКА.

Димитријевиќ ја игра втората сезона во Уникс, а оваа година просечно бележеше 19 поени со 6,6 асистенции, што беше доволно за МВП наградата. Во првата сезона како позајмен играч на Валенсија успеа да ја освои ВТБ лигата, а дома ја однесе и наградата за најкорисен играч во финалето.

Пред Уникс и Валенсија настапуваше за Хувентуд каде ја започна сениорската кариера.

Исто така, јасно е дека по две сезони неиграње во плејофот на Евролигата, Миланo мора да промени нешто, а веќе е познато дека Џош Ниебо од Макави, но и Усман Диоп од Сасари, кој има одлична сезона зад себе, би можеле го засилat тимот на лето во италијанското првенство.

Слични содржини