Екипата на Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите по рекорден 15-ти пат!
„Кралскиот клуб“ триумфираше на овогодинешното издание на турнирот откако во финалето на „Вембли“ во Лондон со 2:0 славеше против Борусија (Дортмунд).
#دوري_ابطال_اوروبا #UCL #UCLfinal
follow : @TH__S7 pic.twitter.com/QJXSBVEr9f— الحساب الاساسي في البايو THamer (@Live_event38) June 1, 2024
Даниел Карвахал (74′) и Винисиус Јуниор (83′) ги постигнаа головите со кои Лос Бланкос, кои уште еднаш станаа господари на Стариот континент.
#دوري_ابطال_اوروبا #UCL #UCLfinal
follow : @TH__S7 pic.twitter.com/alCTuW4mwu— الحساب الاساسي في البايو THamer (@Live_event38) June 1, 2024
Така Реал Мадрид сега има 15 победи од вкупно 18 финалиња во целата историја на натпреварувањето. Покрај тоа, Мадрид ја продолжи победничката серија во битките за трофејот и сега брои девет успеси.
Од друга страна, Борусија вторпат по ред е на губитничката страна во финалето на ЛШ, и повторно на „Вембли“ по поразот од Баерн (Минхен) со 1:2 во 2013 година.
Тренерот на Шпанците, Карло Анчелоти стана единствениот тренер со пет трофеи на турнирот – првите два со Милан, а преостанатите три со неговиот сегашен тим.