Саудиска Арабија нема да учествува на конференцијата за Украина во Швајцарија

од Vladimir Zorba
525 прегледи

Саудиска Арабија нема да учествува на конференцијата за Украина во Швајцарија поради отсуство на делегати од Русија, јави ТАСС.

Изворите велат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сакал да ја посети Саудиска Арабија на 1 јуни за да добие поддршка за претстојната конференција за Украина, која ќе се одржи во Швајцарија на 15 и 16 јуни.

Сепак посетата е одложена и може да се организира само по конференција, пишува германската новинска агенција dpa, која се повикува на дипломатски извори од Ријад.

Слични содржини