Кимих: Анкетата за повеќе бели играчи во Германија е расистичка

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих ги опиша како „апсолутно расистички“ резултатите од истражувањето во кое се наведува дека секој петти негов сонародник би сакал играчи со бела кожа во националниот тим.

Анкетата на 1.304 случајно избрани учесници беше нарачана за документарниот филм на националната телевизија АРД насловен „Единство и правда и различност“, кој ќе се емитува во среда.

Околу 21 отсто од испитаниците рекле дека би сакале повеќе бели играчи да играат за германската репрезентација.

„Секој кој пораснал со фудбал знае дека ова е апсолутна глупост. Фудбалот е особено добар пример за тоа како можете да обедините различни нации, различни бои на кожа и различни религии. Таков е нашиот тим. Ќе ми недостигаа многу играчи да не беа тука. Ова е апсолутно расистичко и нема место во нашата соблекувална“, рече Кимич.

Репрезентацијата на Германија се подготвува за претстојното Европско првенство на кое од 14 јуни до 14 јули ќе биде домаќин во Херцогенаурах. Во тимот има 27 играчи, меѓу кои и играчи со темна кожа.

„Кога се смета дека ќе го организираме ЕП дома, апсурдно е да се поставува вакво прашање кога всушност целта е обединување на целата држава. Се работи за постигнување работи заедно. Како тим се трудиме да ја имаме цела Германија со нас“, додаде Кимих.

Германија пред почетокот на турнирот ќе одигра пријателски натпревар со Украина во понеделник во Нирнбург и четири дена подоцна со Грција во Менхенгладбах.

Домашниот тим ќе го започне натпреварувањето на 14 јуни против Шкотска во Минхен. Во второто коло Германија ќе игра против Унгарија во Штутгарт на 19 јуни, а во третото на 23 јуни во Франкфурт против Швајцарија.

Слични содржини