2,2K
Англиски Челси го објави назначувањето на Енцо Мареска за менаџер. Неговиот договор е на цели пет сезони со опција за уште една. Тој доаѓа на местото на отпуштениот Маурисио Покетино.
Италијанецот доаѓа од Лестер, кој во својата дебитантска кампања успеа да го внесе тимот во Премиер лигата. За да го пуштат на „Стемфорд Бриџ“, „лисиците“ ќе добијат отштета од 10 милиони фунти.
Мареска со себе во Челси носи штаб од седум стручњаци, меѓу кои се издвојува името на поранешниот репрезентативен голман на Аргентина, Вили Кабаљеро.
Пред тоа Италијанецот беше тренер на првиот тим само во Парма. Мареска е поранешен асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.