Американскиот амбасадор во Бугарија: С.Македонија треба да работи на постигнување на критериумите за членство во ЕУ

од Nikola Popovski
909 прегледи

„Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата“. Вака изјавил американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен, запрашан за македонско-бугарското прашање и исчекувањето на уставните измени кои се предуслов за пристапување на Македонија кон ЕУ.

Тој во интервју за бугарските медиуми истакнал дека ја осудуваат секоја дискриминација.

„Не мислиме дека тоа е добро за меѓусоседските односи или за односите меѓу различните заедници во одредена земја. Важно е да не се заборави дека е постигнат договор, дека има договор потпишан пред околу две години меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Мислам дека овие земји (земјите од регионот), вклучително и Северна Македонија, треба да работат на постигнување на критериумите за членство во Европската унија“, коментирал Мертен, пренесува „Dir.bg“.

Слични содржини