ВМРО-ДПМНЕ за случувањата во СДСМ: Нема кандидат за претседател кој не е поврзан со криминал

од Nikola Popovski
816 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше внатрепартиските случувања во СДСМ и досегашните предлози за нов лидер на партијата. Помалку зајадливо и со обвинувања, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека „иднината на СДСМ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант“.

-Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство. Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е. Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња.

И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски, стои меѓу другото во соопштението на партијата на Христијан Мицккоски.

Поранешниот министер за здравство Венкo Филипче, поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска и досегашниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски јавно потврдија дека ќе се кандидираат на внатрепартиските избори во опозициската СДСМ за претседател на партијата. Се споменува и името на директорот на Царина, Стефан Богоев, иако досега нема најава или објава дека поднел кандидатура.

Течат роковите за избор на наследникот на Димитар Ковачевски. СДСМ до крајот на месецов ќе има нов претседател. Последниот рок за поднесување кандидатури истекува в четврток, на 6-ти јуни. Кандидатите треба да имаат најмалку 5 – годишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од страна на конгресот за член на некој од органите на партијата. Освен лична и партиска биографија, кандидатите треба да достават и 4 – годишна програма за работа.

Слични содржини