ФА засекогаш го вади Пакета од фудбалот

од Vladimir Zorba
2,4K прегледи

Фудбалската асоцијација на Англија размислува да го суспендира доживотно играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, доколку Бразилецот биде прогласен за виновен за наводите дека намерно добил жолти картони на четири натпревари, влијаејќи на пазарот за обложување во корист на други лица. Самиот играч инсистира дека е невин, но неговата ситуација е многу сериозна.

Во 2021 година, одбранбениот играч на Стратфорд Таун, Кинан Исак беше казнет на 10 години поради обложување на жолт картон во натпревар од ФА Купот. Три години претходно, Бредли Вуд од Линколн Сити беше казнет со шест години суспензија на два натпревари во кои намерно добиваше жолти картони додека вршеше измама со обложување. Обвинителите на ФА инсистираат на тоа дека прекршоците на Пакета се уште посериозни и затоа ќе бараат доживотна суспензија за 26-годишниот Бразилец.

Според „Сан“, околу 60 луѓе се обложиле на Пакета кој добива жолти картони на еден од тие натпревари. Нивниот заеднички профит изнесувал 100.000 фунти. Сепак, ФА сè уште е во процес на собирање податоци за облозите во Бразил.

Иронијата е што првата обложувалница која пријавила сомнителна активност во врска со овие облози беше Betway, спонзорот на дресот на Вест Хем.

Слични содржини