Одобрена апанажа за 29 поранешни пратеници, претседателската пензија на Пендаровски во мирување

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Комисијата за избори и именувања експресно ја заврши својата втора седница, одобри мирување на пензијата на екс-претседателот Стево Пендаровски, но одобри и апанажа на засега 29 пратеници од минатиот парламентарен состав.

Десет членови на Комисијата гласаа „за“ остварување на правото на апанажа на поранешните пратеници, а против гласаше само пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сајковски истакна и дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.

Членовите на Комисијата го прифатија барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија што тој го доставил до Собранието на 15 мај.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

Слични содржини