2,3K
Раководството на Барселона подготвува втора понуда за германскиот интернационалец од Баерн Минхен, Џошуа Кимих, соопштува шпанскиот весник „Спорт“.
29-годишниот фудбалер, кој нема личен менаџер, се уште не е одлучен дали ќе го напушти Баерн на лето и покрај разговорите за продолжување на договорот.
Актуелниот договор на Кимих со гигантот од Минхен истекува во 2025 година, а Барселона се надева дека ќе го убеди Баерн Минхен да го продаде играчот.
Првата понуда на Каталонците за Кимих беше одбиена, но тие не се откажаа и новиот селектор Ханзи Флик сака да го доведе Германецот и има намера да разговара со него за да го убеди.
Интерес за Кимих покажува и англискиот Манчестер Сити, кој за неговиот потпис може да му понуди повеќе пари на Баерн.