Муцунски за Преспанскиот договор: Секоја изјава што сега би ја дале, би служела на изборната кампања во Грција

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Во Македонија се уште не е формирана новата влада, а Грција и цела Европа се во изборен процес, што значи секоја изјава што би ја дале , би служела на кампањата во Грција отколку за постигнување на било каков напредок во однос на различнит толкувања на одредени права и обврска од Договорот од Преспа, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски околу новите превирања околу договорот со кој се реши деценискиот спор со Грција.

Според него, по овој период, треба да седнат двете раководства на земјите, не пред јавноста, туку на соодветно билатерално ниво и отворено да дискутираат за кои се правата на двете страни и обврските, согласно Преспанскиот договор.

-Верувам дека со добра верба и разбирање, сите предизвици можат да се решат, не само со Грција, туку со сите земји, кажа Муцунски одговарајќи на новинарски прашања.

Тој истакна дека партијата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Нова демократија е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија и според него, повеќе години наназад имаат комуникација на различни форуми и настани.

Слични содржини