Лејди Гага одговори по неодамнешните гласини за бременоста: „Лоша сум во теретана“

од Vladimir Zorba
39,9K прегледи

Лејди Гага ги прокоментира последните гласини дека е бремена.

Таа објави видео на TikTok каде ја покажува својата шминка додека се насмевнува, а во објавата ја напишала: „Не сум бремена, само лоша сум во теретана“.

38-годишната пејачка ги поттикна гласините за бременост откако неодамна се појави на свадбата на нејзината сестра Натали Германота. „The Sun“ објави фотографии од венчавката на која Гага носеше тесен црн фустан кој ја истакна нејзината линија.

Социјалните мрежи веднаш беа преплавени со куп коментари во кои фановите почнаа да шпекулираат за бременоста на пејачката. Но, таа сега ги демантираше гласините.

Музичарката е во врска со 46-годишниот бизнисмен Мајкл Полански повеќе од четири години. Во 2020 година, во едно од интервјуата, Гага призна дека навистина би сакала да стане мајка.

„Ќе кажам дека сум многу возбудена што ќе имам деца. Со нетрпение очекувам да станам мајка. Зарем не е неверојатно тоа што можеме да го направиме? Можеме да имаме личност во нас и да ја оставиме да расте. Потоа излегува и мораме да ја одржиме во живот“, рече таа.

Слични содржини