Претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак го даде своето традиционално интервју за сајтот на „граѓаните“ по завршувањето на сезоната. Во него тој ја коментира темата за иднината на Пеп Гвардиола и обвинувањата кои се упатени кон клубот. Дополнително, Ал Мубарак ја истакна својата амбиција следната сезона Сити да ја освои петтата лига во низа.
„Одлуката за неговата иднина во секој случај е одлука што ќе ја донесеме заедно. Не се сомневам дека, како и секогаш, ќе го најдеме вистинското решение кое ќе функционира за Пеп и за нас“, изјави Мубарак на тема иднината на Гвардиола, за кој англиските медиуми тврдат дека следната сезона најверојатно ќе му биде последна за него во клубот.
Еве што кажа претседателот и на темата за 115-те обвиненија што Премиер лигата ги покрена против Манчестер Сити.
„Секако дека е разочарувачки. Чувствувам дека за нашите навивачи и сите поврзани со клубот овие наводи постојано се изнесуваат. Мораме да почитуваме дека треба да поминеме процес и го правиме тоа. Да, очигледно е потребно подолго време отколку што сите се надеваа, но како што отсекогаш сум велел, да судиме според фактите, а не според некои тврдења и противтужби“.
„Од 1926 година, пет тима се обидоа да ја освојат титулата четири пати по ред. Пет тима. Хадерсфилд, Арсенал, Ливерпул во 1980-тите, а потоа Манчестер Јунајтед се обидоа двапати. Ниту еден од нив не успеа. Повеќе од 100 години англискиот фудбал, ниту еден тим никогаш не освоил четири титули по ред, па штом тоа ќе стане јасно, ќе почнете навистина да го цените обемот на постигнатото – тешкотијата, предизвикот, истрајноста“, истакна тој.
Запрашан што следува по ова достигнување, Ал Мубарак рече: „Петта титула по ред“.