Бомбастичниот трансфер е факт! Марк Маркез оди во Ducati

од Vladimir Zorba
3,8K прегледи

Еден од најголемите трансфери во историјата на MotoGP е факт! Тимот на Ducati официјално го објави шесткратниот шампион во кралската класа Марк Маркез како нов возач за сезоната 2025 година. Договорот на Маркез со Ducati е на две години.

Во Ducati, Маркез ќе биде партнер со актуелниот двократен шампион Франческо Банаја, формирајќи една од најуспешните двојки во историјата на светскиот шампионат. Маркез моментално се трка за Gresini, каде што има верзија стара една година на Ducati, но следната година ќе ги носи црвените бои на фабричкиот тим и ќе ја добие најновата верзија на Desmosedici GP.

За Маркез, патувањето од фабричкиот тим на Honda до Ducati беше релативно кратко, бидејќи му требаа само седум тркачки викенди на Desmosedici GP23 за да ги убеди шефовите на Ducati дека тој е тој што треба да потпише. Одделно, маркетиншката привлечност на Маркез ја сврте вагата во негова корист во неговата битка со Хорхе Мартин за местото на Енеа Бастианини.

Како што е познато, Мартин откако ја загуби борбата со Маркез за mestoto во Ducati, избра да се приклучи на фабричкиот тим на Aprilia. Бастианини најверојатно ќе се пресели во кампот на КТМ, но не е јасно дали ќе биде во фабричкиот тим или во сателитот Tech3 GasGas.

Слични содржини