НАПАД НА УЧИЛИШТЕ НА ОН ВО ГАЗА: Најмалку 27 мртви!

од Nikola Popovski
256 прегледи

Израелската војска утринава ја презеде одговорноста за воздушен напад врз училиште на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNRWA) во Појасот Газа, каде што тврди дека била скриена „база“ на Хамас, при што загинале најмалку 27 лица.

„Воени авиони извршија прецизен удар врз базата на Хамас лоцирана во училиштето на „UNRWA“ во регионот Нусејрат“, соопшти израелската армија, додавајќи дека „неколку терористи се убиени“.

Терористите на Хамас и Исламскиот џихад кои учествуваа во нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година оперираа во тој комплекс, додаваат од израелската армија.

Хамас соопшти дека најмалку 27 лица загинале, а „многумина се повредени“ во нападот на кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Пред нападот, тамошна локална болница од вторникот примила тела на најмалку 70 мртви и повеќе од 300 ранети, главно жени и деца, по израелските напади врз централните области на Појасот Газа, соопштија од „Лекари без граници“.

Слични содржини