Дујовски: ДУИ ќе биде опозиција, не очекувам дека ќе прави дестабилизација

од Nikola Popovski
2,4K прегледи

Како што сега стојат работите, ДУИ ќе биде опозиција, после 22 години и тој процес е неповратен, не очекувам да се случи нешто и ВРЕДИ да и го отстапи местото во идната Влада, особено затоа што веќе имаме претседател на Собранието кој е еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, посочи во интервју за „Слободен печат“, деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.

Тој посочи дека лично не очекува ДУИ да прави обиди за дестабилизација при предавањето на власта.

„Дали тоа ќе предизвика нарушување на безбедноста? Не верувам, затоа што јасно изразената волја на граѓаните му дава јасно право на мандатарот, да го избере партнерот. Во нашиот Устав е јасно дефинирано дека мандатот за состав на Влада го добива политичкиот претставник на партијата којашто има најмногу пратеници а тој предлага Влада, не предлага Македонци, Албанци, Турци, Роми итн и доколку 61 пратеник гласаат ЗА, тоа ќе биде идната македонска Влада. ДУИ во наредниот период како опозициска партија може да ги мобилизира граѓаните, да ги држи крај себе и тоа е дел од политичките случувања што се нормални кога сте во опозиција, но дека ќе предизвика немири или дестабилизација на институциите заради предавање на власт, за тоа воопшто не можеме да разговараме. Тие времиња, ми се чини, во оваа фаза се апсолутно зад нас и се завршени. ДУИ треба да се подготват за опозициско дејствување“, рече Дујовски.

Слични содржини