Лукаку: Сите големи европски клубови знаат дека Саудиска Арабија веќе доаѓа

од Vladimir Zorba
5,2K прегледи

Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, се отвори за она што го помина минатото лето кога одби трансфер во Саудиска Арабија Ал-Хилал пред да биде позајмен во Рома.

„Во тој момент беше навистина тензично две недели. Два дена по ред мислев: „Да, одам таму“, потоа: „Не, нема да одам“. Бидејќи сите други играчи заминаа во Саудиска Арабија дури по моето одбивање, за момент се исплашив“, призна тој за ВТМ и РТЛ.

Сепак, белгискиот интернационалец не ја отфрли можноста за иден трансфер во лигашки тим, предвидувајќи светла иднина за локалниот фудбал.

„Саудиска Арабија не би ме спречила. Нивото на шампионатот само ќе расте, и тоа многу повеќе отколку што мислат многумина. Се повеќе фудбалери ќе бидат подготвени да играат таму. Исто така, поради начинот на кој локалните навивачи го доживуваат фудбалот. Инфраструктурата сè уште треба да се подобрува, но сите големи европски клубови знаат дека Саудиска Арабија веќе доаѓа. Тоа го гледате во боксот, голфот и Формула 1“, коментира Лукаку.

Напаѓачот увери и дека веќе е свесен каде ќе игра следната сезона и ги бранеше досегашните одлуки во кариерата

„Веќе ми падна во глава, знам што ќе се случи. Многу луѓе сакаат да зборуваат за мене, можеби затоа што немам официјален агент. Но, јас ќе го направам мојот избор и имам контрола над мојата ситуација. Јас ќе ја донесам својата одлука и кога ќе ја објаснам, сите ќе се согласат со мене. Секогаш кога избрав да останам или да се преселам некаде, секогаш се покажа дека е вистинската одлука поради неколку фактори. Меѓу нив е и мојот однос со тренерот. Тоа е како врската со жена. Ако веќе не успева, зошто да останеме заедно?“, додаде Белгиецот.

Слични содржини