Л.А. Галакси сака повторно да ги спои Левандовски и Ројс

од Vladimir Zorba
2,7K прегледи

Роберт Левандовски може да ја продолжи кариерата во САД, тврди „AC“. Според авторитетното издание, главен кандидат за привлекување на полскиот интернационалец е Лос Анџелес Галакси.

Лева има договор со Барса до следното лето, но клубот е склон да го продаде поради неговата старост и високата плата што ја добива. Минатата сезона одигра 49 натпревари во сите натпреварувања и постигна 26 гола.

ЛА Галакси веќе го обезбеди потписот на Марко Ројс, кој го одигра последниот натпревар за Борусија (Дортмунд) во финалето на Лигата на шампионите, кое го загуби од Реал Мадрид.

Не е тајна дека Ројс и Левандовски се добри пријатели уште од времето заедно во Дортмунд, а раководството на ЛА Галакси се надева дека тоа ќе помогне и при доаѓањето на Левандовски.

Слични содржини