Утврдени кандидатурите на Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски за изборите за претседател на партијата што ќе се одржат на 30 јуни, соопштуваат од СДСМ.
„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ:
Венко Филипче
Славјанка Петровска
Јован Деспотовски
Александар Бајдевски.
Попладнево во седиштето на СДСМ беше одржана жрепката за третите внатрепартиски избори во СДСМ.
Според жрепката под број 1 ќе биде кандидатот Венко Филипче, број 2 Александар Бајдевски, број 3 Јован Деспотовски, број 4 Славјанка Петровска.
Комисијата констатира дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и правилникот.
Утврдената листа од четири кандидати ќе биде доставена до сите општински изборни комисии.