Во светло на неодамнешните апсења во Урошевац за кои повеќе медиуми објавија дека синот на еден од уапсените косовци за шпионажа за Српската разузнавачка агенција БИА е новинарот Зекирја Шабани кој бил активен во изборната кампања за поддршка на коалицијата ВЛЕН и сегашниот претсецател на Собранието на Северна Македонија, Арбер Адеми од редовите на ДУИ вечерва за Локално изјави дека јавноста треба да е сериозно загрижена.
Синот на еден од уапсените за шпионажа во Косово ја правел изборната кампања на Африм Гаши
„Загриженоста на јавното мислење треба да се преточи во итна институционална акција како и минимална морална одговорност од Африм Гаши за соработка со српските структури во текот на целата кампања, а можеби и подолго. Ова не е единствениот скандал на Гаши од меѓународен аспект и со тек на време ќе се откријат сите киксови кои го прават неподобен за вршење на јавна функција кај нас“, изјави Арбер Адеми.
Тој, исто така истакна дека Гаши мора да и објасни на јавноста кои се причините зошто соработувал со соработник на БИА и каква била нивната улога во поддршката на поразените (ВЛЕН) на претседателските и парламентарните избори.
Оваа изјава доаѓа во време кога се појавуваат сериозни обвинувања за вклученост на српските структури и руските влијанија на Балканот.
Денес Милорад Додик од Русија изјави дека Република Српска ќе одржи референдум за независност од Босна и Херцеговина, а датумот ќе биде одреден во согласност со интересите на другите партии, а потоа објави дека ќе следи анексија кон Србија.
Врајоли: Поддршката од Северна Македонија е клучна за стабилноста на Косово
И.И.