Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе достигне до 35 степени Целзиусови.
Ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени.
И кога е во прашање Скопје, прогнозите се слични како и за целата држава – нестабилно време во понеделникот, а најтопло кон средината на следната недела.