Украинците тврдат: „Оштетен е најнапредниот руски авион!

од Nikola Popovski
404 прегледи

„Во нападот на воздухопловната база Ахтубинск во областа Арахан на Руската Федерација, погоден е и оштетен најнапредниот руски авион Су-57“, соопшти украинската воена разузнавачка служба.

„На 8 јуни 2024 година, ловецот Су-57 беше погоден во областа на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област на Руската Федерација, кој се наоѓа на 589 километри од борбената линија“, тврдат Украинците, објавувајќи сателитски снимки.

На снимките наводно се гледа како Су-57 стои на аеродромот на 7 јуни, додека на снимките од 8 јуни се прикажани последиците од нападот, односно оштетувања од експлозија и карактеристични точки предизвикани од пожар.

Су-57 е најмодерниот руски ловец, кој може да се користи со ракетите Kх-59 и Kх-69. Неколку единици од споменатите борбени авиони се во служба на руските воздушни сили.

„Оштетувањето на Су-57 е прв ваков случај во историјата“, тврдат Украинците.

Слични содржини