Борел за нападот во Газа: Крвопролевањето мора веднаш да заврши

од Milan1
301 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел најостро го осуди израелскиот напад во Газа, во кој беа убиени над 270 луѓе.

Тој нападот го нарече нападот „масакр“, а во објава на социјалната мрежа „X“, „најостро“ ги критикуваше извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили, пишува „Гардијан“.

Тој повика на прекин на огнот и ослободување на сите преостанати заложници.

„Крвопролевањето мора веднаш да заврши“, изјави тој.

Телата на 109 Палестинци, од кои 23 се деца, а 11 се жени, се пренесени во болницата Ал Акса, каде се згрижени повеќе од 100 ранети, кажа портпаролот Калил Дегран.

Слични содржини