Белгискиот премиер Александре де Кроа синоќа објави дека од денес ќе поднесе оставка од премиерската функција откако неговата централно-десничарска партија загуби на европските избори.
„Ова е особено тешка вечер за нас, загубивме. Од утре ќе бидам премиер во оставка“, им порачал Де Кроа на своите приврзаници, бидејќи според излезните анкети неговата партија забележала резултат од 5,7 отсто, односно пад од 2,9 отсто во однос на изборите во 2019 година.
Својата оставка ја најави и претседателот на партијата, Том Онгена.
Де Кроа ќе остане на позицијата привремен премиер до формирањето на новата влада.
„Сигналот на гласачите е јасен“, кажал Де Кроа и посочил дека на земјата ѝ треба нова влада брзо, со целосни овластувања.
Вечерва по резултатите од европските избори, владата ја распушти и францускиот претседател Емануел Макрон.