Болт ја повреди Ахиловата тетива на фудбалски натпревар, изнесен од теренот на носилки

од Vladimir Zorba
3,2K прегледи

Осумкратниот олимписки шампион во атлетика, Усеин Болт има пукната Ахилова тетива по учеството на хуманитарен фудбалски натпревар на стадионот Стенфорд Бриџ во Лондон.

„Скинат Ахил, но знам дека сме воини“, напиша Болт на социјалните мрежи.

Најбрзиот човек во историјата се повреди во второто полувреме од натпреварот помеѓу селекцијата на Англија и светската селекција (6:3). Болт не можеше да го заврши натпреварот и беше изнесен од теренот на носилки.

Јусеин Болт е 11-кратен светски шампион. Има и два сребрени и еден бронзен медал од светските првенства. Спринтерот дебитираше за репрезентацијата на Јамајка во 2004 година на Олимписките игри во Атина. Болт е единствениот атлетичар кој победил на 100 метри и 200 метри на три последователни Олимписки игри (Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година) и ги држи светските рекорди на 100 метри (9,58 секунди) и 200 метри (19,19 секунди).

Слични содржини