3,3K
Скопската полиција уапсила 40-годишна жена која во затвор се обидела да му донесе марихуана на сопругот, соопшти МВР.
Според информациите, скопските полицајци пред два дена во 17:30 часот „ја лишиле од слобода А.А. (40) од Скопје бидејќи кај неа била пронајдена марихуана која се обидела да ја внесе во затворот Идризово при посета на нејзиниот сопруг – затвореник во таа установа“.
Уапсената скопјанка, се додава, е предадена на понатамошна постапка во полициската станица во општина Гази Баба Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.