19-годишниот Никола го победи ракот, објави градоначалникот Стефковски

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја информира јавноста дека младиот Никола Ѓорѓиев ја победил болеста.

-Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе. Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа, истакна градоначалникот на социјалните мрежи.

19-годишното момче, кое нема родители и живее со своите баба и дедо, боледуваше од малигна неоплазма на миелоидната лоза, редок вид на канцер на коските. За Никола се организираа бројни хуманитарни активности преку кои беа собрани потребните финансиски средства за негово лекување во Турција.

Слични содржини